ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

Од:

ЕВН Македонија донираше возило наменето за задоволување на потребите на лицата со телесен инвалидитет, членови на здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“. Возилото кое носи порака „Со љубов за полесно движење”, ќе се користи за превоз на лицата со телесен инвалидитет при лекарски прегледи, настава и други социјални активности.

„Веќе три години живеам во Република Македонија и сметам дека е прекрасна земја, но сепак би рекол дека нема многу добри услови за лицата со посебни потреби. За тоа не смееме да впериме прст само во државата и во локалната самоуправа, некогаш треба и граѓанското општество и компаниите да направиме нешто за подобрување на тие услови“ рече г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Како одговорна компанија сме горди што со овој чин и преку соработката со граѓански здруженија и организации придонесуваме за подобрување на условите за лицата со посебни потреби” додаде г-дин Петер на примопредавањето на донацијата.

На настанот присуствуваше и Градоначалничката на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи, која изрази благодарност за донацијата.

„Ми претставува задоволство што со донацијата на ЕВН Македонија се прави добро дело за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“ кое има секогаш поддршка и од општината. Се надевам дека во иднина ќе имаме и други компании кои ќе се вклучат во проекти што ќе им помагаат на лицата со посебни потреби и ќе придонесат тие да не се чувствуваат дискриминирани.”

Возилото ќе го користат над 700 членови на здружението „Мобилност“ од регионот на Гостивар и Тетово, како и соседните општини за што посебна благодарност изрази и Велибор Јаќимовски, претседател на здружението. Инаку, иницијативата за набавка на возилото за лицата со посебни потреби е на пратеничката на СДСМ, г-ѓа Ѓулумсер Касапи.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он