Електрична кран дигалка денеска беше донирана во семејството Иванови со две деца со церебрална парализа во Неготино, едното 14 од 22 години.
– Тие живеат во хармонично и среќно семејство, ова ќе значи олеснување на обврските на нивните родители, ние одлучивме заеднички да најдеме можност како да им го олесниме секојдневието. Затоа го купивме овој кран-дигалка и во неговата набавка се вклучија повеќе фактори. Лицето кое доби на лотарија во Неготино донираше поголема сума пари, неколку граѓански иницијативи од Неготино и неколку хуманитарни луѓе исто така донираа. И „Медикус хелп“ како фирма што ги увезува овие апарати, се вклучи со донација при набавката на оваа справа, рече Симон Андов, посредник меѓу сите донатори.
Тој изрази благодарност на сите кои се вклучија во оваа хумана работа. Изрази надеж дека овој кран ќе им го олесни живеењето како на родителите, така и на нивните деца Драгица и Стефан.