Експратеникот Стојкоски можен кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Експратеникот Александар Стојкоски е можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров, дознава „А1он“. Како носител на листата за советници се споменува името на Ленче Нелоска, која има извршувано и високи партиски функции. Имињата на двајцата кандидати со месеци се вртат на партиските анкети, каде неофицијално, уживаат најголема доверба во општината. Крајниот збор за потврда на овие кандидати ќе го има Централниот комитет, откако ќе бидат прецизирани од членовите на Извршниот комитет.

Стојкоски по професија е доктор-специјалист. Тој беше член и на Советот на општината. Претходно, од 2014 година до 2017 година, беше и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Нелоска во дел од истиот период беше директорка на Геронтолошкиот завод Скопје, се до промената на власта во 2017 година.

Засега не се открива со кои кандидати СДСМ ќе бара одново доверба од жителите на Ѓорче Петров. Како кандидати, неофицијално, се споменуваат имињата на актуелниот градоначалник Александар Наумовски, но и на актуелниот пратеник Костадин Ацевски. „А1он“ се обиде да исконтактира со Наумовски за тоа дали се точни информациите дека можно е да бара втор мандат од граѓаните, но тој не одговори на повикот.

Премиерот Зоран Заев пред повеќе од месец и половина кажа дека се во тек анкети кои ќе бидат клучни за одредување на сите градоначалници, вклучително и на тој за Ѓорче Петров. Тогаш, ниту Наумовски не беше сигурен дали одново ќе добие можност да ја бара довербата од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски