Eдна година од апсењето на Камчев во „Империја“, истрагата што го затвори СЈО

Од:

На денешен ден точно пред една година, во јавноста одекна информацијата дека по налог на СЈО се уапсени пет лица и извршени 12 претреси во нова отворена истрага наречена „Империја“, а меѓу уапсените е бизнисменот Орце Камчев. Осомничени беа 13 лица, меѓу кои ексшефот на УБК, Сашо Мијалков и газдата на „Пелистерка“, Цветан Панделески.

Пред судот попладнето беа изведени петмина осомничени опфатени со наредба за истрага ден претходно на 8 ноември 2018 година. СЈО ги сомничеше за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

9 ноември 2018 година, изведување пред судија на уапсените во „Империја“

Со преземање истражни дејствија и со примена на посебни истражни мерки, СЈО обезбедило доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Со позитивниот предлог од Катица Јанева, лани Орце Камчев пред Нова година, на неверување во јавноста, излезе од притвор заедно со Сашо Мијалков кој подоцна беше уапсен. По истрагата „Рекет“, во која Јанева е правосилно обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на Камчев да излезе од притвор, стана јасно дека зад пуштањето на слобода не стои уверувањето на Јанева, туку личните интереси.

По преземањето на предметите од Државното јавно обвинителство, во јавноста нема информации дали и што се случува со истрагата во случајот „Империја“. Обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот беше вратена како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Радовиш, а предметот ѝ е доделен во работа. До судот се поднесени две нови барања за времени пасоши за Орце Камчев и Цветан Панделески, но се` уште нема одлука, а на сила се одлуките за замрзнување на уделите во некои од фирмите.

Адвокатите на осомничените во јавните изјави бараат постапката за „Империја“ да запре поради две причини: обвинението за „Рекет“ со кое е опфатена Катица Јанева и начелното правно мислење на Врховниот суд, од јануари годинава, со кое, СЈО е неовластен тужител за истрагите отворени по 30 јуни 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Камчев понудил над 3 милиони евра за да му го вратат пасошот поради бизнис обврски

Предраг Петровиќ

Обвинителката од згаснатото СЈО Лиле Стефанова денеска ќе сведочи за „Рекет“

Мери Јордановска

Судот бара доказ од вештакот, дали Боки 13 должи на „Систина“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис зделки со Боки 13

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Камчев: Нема да дозволам моето лице да го гаѓаат накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева

Мери Јордановска

Одбиено барањето за укинување на мерката на претпазливост на Јордан Камчев

Ана Ололовска