Џафери-Рикер: Очекуваме земјата да стане 30-та членка на Алијансата до крајот на оваа или почетокот на следната година

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Џафери, упатувајќи му честитки за неговото именување на функцијата државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и посакувајќи му успешна и плодна работа, ги констатираше одличните билатерални односи меѓу двете држави, заокружени со Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка во 2008 година.

Тој се заблагодари на поддршката на САД на нашите напори од независноста до денес преку разни проекти на УСАИД, но и за поддршката која ја добиваме од НДИ и ИРИ во градењето на демократско и инклузивно општество. Претседателот Џафери го информираше соговорникот за актуелните активности во Собранието поврзани со пакетот реформски закони со кои се очекува одредување на датум за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ во јуни оваа година, како и за ратификациите на спогодбите со Република Бугарија и Република Грција со кои се надминаа отворените прашања со соседите и се отвори патот за членство на Македонија во НАТО.

Џафери исто така, изрази очекување дека земјата ќе стане 30-та членка на Алијансата до крајот на оваа или почетокот на следната година, а брзината на процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО е уште една потврда за изминатите заложби на актуелното мнозинство во земјата, посочи Џафери.

Амбасадорот Рикер нагласи дека има многу причини за славење на позитивниот развој на настаните во Македонија, бидејќи според него, надминувањето на спорот со името не е само огромен чекор за земјата, туку и за целиот регион. Тој го поздрави процесот на ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, посочувајќи дека Сенатот на САД прави заложби за негова побрза ратификација од вообичаената процедура и изрази надеж дека земјата до крајот на годината ќе го добие своето заслужено место во Алијансата.

Во однос на евроинтеграцискиот процес, Рикер истакна дека донесувањето на пакетот реформски закони не се само придонес кон ЕУ процесот, туку се од клучна важност за развојот на земјата во иднина и дека во тој процес, опозицијата мора да се вклучи соодветно и да работи за општото добро. На крајот, тој констатираше дека и покрај сите предизвици и разлики кои постојат, Алијансата останува на остварување на своите стратешки цели поставени од нејзиното основање до денес.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел