Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19

Од:

Државна видеолотарија донира 11 107 000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19.

Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615 000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492 000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје.

Донација од десет милиони денари за Министерството за здравство

Нашата земја е исправена пред силен предизвик кој напаѓа на глобално ниво. Од овие причини, брзото реагирање во оваа глобална здравствена криза е многу важно. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот Ковид-19.
Нашата компанија донира десет милиони денари кон Министерството за здравство, со цел да придонесе за ефикасност на јавниот здравствен систем во напорите при справување со Ковид 19.

Ние препознаваме дека сме дел од ова општество, поради што постојано настојуваме да го помагаме. Ова не е единствената активност која ја презедовме. Дополнително, тимот на Државна видеолотарија обезбеди уште две донации.

Донација од десет илјади евра во медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања

Со донација од 10 илјади евра ќе помогнеме итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од Ковид-19 се изложени на силен ризик. Затоа и одлучивме да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

Државна видеолотарија со донација во вредност од 492.000,00 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје

Нашата компанија обезбеди и донација од 492.000 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје. Средствата од оваа донација ќе бидат употребени за набавка на пет Пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

Солидарни и кон нашите сограѓани и вработени

Знаеме дека и во овие услови има луѓе кои мора да одат на работа, поради што користат јавен превоз. Со цел да придонесеме кон нивна заштита, обезбедивме и средства за дезинфицирање во сите автобуси кои сообраќаат на активните автобуски линии на ЈСП Скопје, како и заштитни маски за возачите.

Државна видеолотарија како одговорна компанија презеде и низа активности и неопходни протоколи со цел да ги заштити и своите вработени од изложеност на Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он