Државата издвои 16 милиони евра за учебници, а некои од нив ќе стигнат за Нова Година

Од:

Министерството за образование и наука склучи договори во вредност од 16 милиони евра за новите учебници за оваа и за следната училишна година, но учениците се уште не ги добиле учебниците и учат од помошни материјали опфаќаат само едно поглавје од наставниот материјал.

Училиштата се надеваат дека оваа година ќе се избегнат случаи од лани кога некои учебници стигнаа кај нив на почетокот од јуни, односно на крајот од школската година, но фаќаат прашина во училишните магацини затоа што во меѓувреме МОН ги повлече од употреба.

Тендерите за книгите за основно и средно образование за следните две години се тешки 16,5 милиони евра и во оваа сума е вклучено превод, печатење и дистрибуција. Според податоците од Бирото за јавни набавки државата ќе плати многу повеќе за печатење годинава отколку за учебната 2022/23 кога МОН потроши 5,5 милиони евра.

Националната комисија за учебници сѐ уште работи на одобрување на нови учебници и некои ќе стигнат дури на крајот на декември колку што е и утврдениот рок во тендерот за печатење на истите.

Најголемата печатница во Македонија, „Европа 92 Кочани“ ќе заработи 11 милиони евра како носител на тендерите за печатење и дистрибуција и таа е должна да ги испечати учебниците најдоцна до 1 ноември. Оваа компанија е во сопственост на поранешниот пратеник и градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски.

Вториот тендер го доби „Арс Студио Тамара“ и тој е наменет е за превод на учебниците од македонски на другите јазици на малцинствата. Неговата вкупна вредност за сите пет дела од набавката изнесува 5, 2 милиони евра.

Додека ги чекаат учебниците, учениците од четврто, петто и шесто одделение треба да ги користат дигиталните учебници кои се закачени на платформата на Бирото за развој на образованието. Учениците од четврто и петто ги добија најголемиот дел од материјалите, но учениците од шесто одделение немаат ниту еден од десетте потребни учебници.

Би можело да ве интересира

Десет фирми се борат за реконструкција на тетовското училиште „Моша Пијаде“, дел од заинтересираните се откажаа од тендерот

Александар Тодески

Учебникот по Историја ќе доцни оти нема кој да го рецензира, а дури вчера заврши доставата на другите учебници за оваа година

Орце Костов

Борба за реконструкција на училиште во Тетово: МОН ги крие имињата на фирмите кои го „бркаат“ тендерот

Ако не може во гимназија, може во економско: Се формира албанска паралелка за ученици со слаб успех

Орце Костов

Албанска паралелка во средно економско наместо во гимназијата: Шаќири најде училиште за основците со слаб успех

Орце Костов

МОН: Учебници за шесто одделение ќе се испорачуваат и викендов

Орце Костов