Ротаракт Клуб Скопје, традиционално и оваа година, собраните средства од предновогодишната хуманитарна забава ги намени за добротворни цели.
Денеска, претставници од Ротаракт Клуб Скопје, на Клиниката за пулмологија и алергологија, донираа три машини со што ќе се придонесе во подобрувањето на хигиената на Клиниката и ќе се оневозможи пренесување на нечистотии и бактерии во просториите каде престојуваат пациентите.
Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, ја поздрави донацијата и истакна со овие машини се олеснува извршувањето на секојдневните задачи на вработените, а особено донацијата е значајна за пациентите.
Исто така, денеска во духот на празници, Ротаракт Клуб Скопје, донираше новогодишни пакетчиња за децата во Клиниката за детска хирургија.