Донација пакет-прожектор, лаптоп и платно за училиштата во поплавените подрачја

Од:

Донација вредна 10.000 евра која се состои од пакет прожектор, лаптоп и платно денеска добија шест училишта од поплавените подрачја во Скопје од амбасадите на Австрија и Германија во Република Македонија.

Оваа донација според генералниот секреатар на Црвениот крст Саит Саити ќе им помогне на училиштата во квалитетот на работата и подобрување на можностите на училиштата за работа.

– И понатаму работиме на планот на опоравување од катастрофалните поплави и сеуште сме присутни во поплавените подрачја, одржуваме активности кои се поврзани со подигање на свеста на населението за опасностите и ризицеите од катастрофи, а работиме и на активности кои се поврзани на отпорноста на заедниците, истакна Саити.

Потсети дека Црвениот крст на Австрија кој со поддршка на Австриската влада донирале финансиска средства од 539 илјади евра за најранливите семејствата од полавените подрачја, а биле спроведени и голем број работилници со ученици, наставници и родители.

Амбасадорката на Австрија во Македонија Рената Коблер ја потенцираше добрата соработка на австрискиот и македонскиот Црвен крст, а посебно за навремената помош што Австрија ја пратила само неколку дена по полавата на 6 август минатата година.

На новинарско прашање за посетата на комесарот Хан во Македонија, Коблер рече дека се надева на наскоро создавање на нова Влада.

-За една земја не е добро кога едно составување на влада трае многу долго бидејќи има влијание на сите институции во целата земја. Се надевам дека во Македонија наскоро ќе има институции кои што ќе функционираат како што е Влада, општини… затоа што тоа граѓаните го заслужуваат, рече Колблер.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он