Донација од фудбалскиот репрезентативец Костадинов за гевгелиската болница

Од:

Младиот фудбалер од Миравци, Тихомир Костадинов,член на нашата најдобра селекција кој сега игра за словачкиот прволигаш Ружомберок, донираше пари за опремување на Општата болница во Гевгелија.

Дел од средствата ќе бидат наменети за опремување на детското, а дел за опремување на интерното одделение. Поради актуелната состојба со корона вирусот, првенството на Словачка е во прекин и Тихо се наоѓа кај своите во Миравци.

За својот хуман гест не сакаше многу да зборува и само кратко рече дека во ова време-невреме нормално е секој што може да помогне според своите можности.

Раководтвото на гевгелиската Општа болница му изрази голема благодарност на Костадинов за неговата хумана постапка и за донираните средства кои ќе бидат искористени за опремување на дел од болницата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он