Донација од ЕУ, понудена преку Словачка, за справување со Ковид-19

Од:

Европската унија испорача уште една пратка на залихи за Северна Македонија оваа недела, во обид да и помогне на земјата во справувањето со кризата со корона вирусот. Оваа помош е понудена од Република Словачка, преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а примопредавањето на донацијата ќе се изврши денеска во касарната „Гоце Делчев”.

Помошта се состои од 10.000 FFP3 маски, 6.000 FFP2 маски, 20.000 хируршки маски, како и други предмети, како што се хигиенски пакети и генератори. Дополнителни 75.000 FFP2 маски и 35.000 наметки беа доделени од rescEU медицинските резерви во Германија.

-И се заблагодарувам на Германија, за организацијата и транспортот на оваа спасувачка опрема на Унијата (rescEU), како и на Словачка за нивната дарежливост кон нашите блиски соседи на Западен Балкан. Опремата за лична заштитна останува неопходна бидејќи продолжуваме да се бориме против корона вирусот, изјави комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ.

Испораката на набавките ќе биде обележана со настан што ќе се одржи денеска во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување со почеток во 15:00 часот. Официјалните обраќања ќе ги одржат евроамбасадорот Дејвид Гер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркус и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

Европската Унија продолжува да ја обезбедува најголемата поддршка за Северна Македонија во борбата против КОВИД 19, наведуваат од делегацијата на ЕУ. Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, ЕУ обезбеди итна медицинска помош за Северна Македонија во вредност од четири милиони евра, во која беа вклучени и многу потребните респиратори. Таа ја вклучи земјата во нејзиниот заеднички договор за набавки и механизмот за итни случаи, кои дотогаш беа достапни само за земјите-членки. На овој начин, Северна Македонија има можност да врши нарачки за набавка на Веклури (Ремдесивир) директно од фармацевтската компанија. Веклури е единствениот овластен лек во ЕУ за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно снабдување со кислород.

Со цел да и помогне на Северна Македонија во управувањето со економските последици од пандемијата, ЕУ обезбеди 160 милиони евра макрофинансиска помош во форма на долгорочни заеми со поволни стапки. Првата транша од 80 милиони евра беше исплатена минатата недела. Претходно, ЕУ обезбеди 3 милиони евра директна буџетска поддршка за секторот труд и образование. Значителна помош за компаниите и пазарот на трудот (49 милиони евра во форма на грантови и бескаматни заеми) ќе биде достапна до крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски