Sport Life обложувалниците донираа два кислородни концентратори наменети за Општата болница во Велес, а за потребите на детскиот оддел и одделот за неонатологија.
Донацијата на кислородните концентратори е од особена важност за најмладите пациенти кои се со респираторна засегнатост. Апаратите се со капацитет од 5 л. и овоможуваат континуирана кислородна терапија за децата и новороденчињата кои имаат пад на сатурацијата на кислородот во крвта поради најразлични ситуации и респираторни болести како астма, бронхит, пневмонии и др.
Во име на Општата Болница – Велес, д-р Елеонора Јованова ја истакна важноста на оваа донација:
„Основен приоритет на нашата болница е да се овозможи квалитетен медицински третман на пациентите, а посебно обрнуваме внимание кога станува збор за најмладите кои се всушност и наша иднина, затоа и сме посебно благодарни на Sport Life што со нивната хуманост и солидарност, конкретно со оваа донација од кислородни концентратори ни овозможија тоа и да го оствариме.“
„Кога се работи за децата, негата за нив и нивното здравје е најважна и бескомпромисна. Среќни сме и чест ни е што можеме да придонесеме да се унапредат условите за нивна грижа и лекување во нашите медицински установи како што е болницата во Велес, кои денес во услови на пандемијата со ковид-19 се справуваат со бројни предизвици и го даваат својот огромен придонес за нас и нашето здравје. Sport Life продолжува и понатаму како општествено одговорна компанија да ги препознава и поддржува хуманите цели и проекти во нашето општество“, истакна Емил Димитров, извршен директор во Sport Life обложувалници.
ПР Текст