Договорена е доградба на минарето во Охрид, Заев негира

Од:

Минарето на џамијата во охридската чаршија ќе се гради, а институциите ќе ги издадат потребните дозволи што недостигаат, дознава „А1 он“ од извори во локалното муфтивство. Неофицијално, ИВЗ ќе направи отстапки само во висината на минарето, кое, наместо 32, ќе биде 25 метри. Со ова решение Владата и ИВЗ планираат да ги затворат спорните прашања поврзани со Алипашината џамија.

Директорот на имотот или вакуфите на ИВЗ, Дритон Дикена, вели дека нема конкретни информации за случајот, но доколку оваа информација ја кажале од охридското муфтивство, тогаш нема сомнеж дека таа е точна. За евентуалната спогодба меѓу Владата и ИВЗ, информации не даде ниту Агрон Војника, кој е портпарол во ИВЗ.

Премиерот Зоран Заев за „А1 он“ вели дека нема ваков договор. Тој вели дека доколку се гради минарето без договор, тогаш институциите ќе постапат.

„Секако, нема таков договор. Рековме дека по изборите, ќе продолжиме со разговорите за да најдеме решение. Ако се гради без договор, тогаш ќе постапат институциите“, вели Заев за „А1 он“.

Во Охрид продолжи изградба на минарето на Алипашината џамија, но инспекција досега не е излезена. Работниците денес се вратија на градилиштето по неколкудневна пауза за време на изборите. Од здружението „Совест“ велат дека се гради нов кат на минарето. Обвинуваат дека повторно се изигруваат институциите и најавуваат црвен картон за дивоградителите.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата