Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Од:

Градот навистина се ширел несоодветно и овие два големи загадувачи сега се на средина на резиденцијални населби. Ако се стави во ГУП потребата за дислоцирање, тоа значи почнување на долгорочен процес.

Не сум голем оптимист за најавата за дислокација со означување со друга намена овие простори.

Тоа би значело само почеток на еден подолготраен процес кој има 50-50 шанси за реализација.

Но нека биде некаков почеток. Мене лично би ми требало многу повеќе информации за можностите за нивна дислокација во овој момент за да можам да кажам што мислам, изјави Ана Петровска, од Зелен хуман град за намерата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во генералниот урбанистички план, кој се подготвува и ќе се усвојува во 2022 година, дека ќе воведе хуманизација на просторот и нема да има ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија.

-Железарница и Цементарница на пример ќе мора да се иселат и тоа е зборувано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде сложена операција, сериозен процес за дислокација на тие капацитети, но градот мора да се хуманизира, најави Шилегов пред три дена.

Според него, на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки.

Намерата за дислокација ја поддржува архитектката Даница Павловска-Циги и вели дека тоа требало да се случи многу порано.

-Јас имам високи очекувања од новиот ГУП затоа што се осознаени сите пропусти на важечкиот и затоа што тие треба да се надминат. Во секој случај да се дислоцира тешка индустрија од стамбени зони е логично, не треба да се биде урбанист за да се знае тоа.

Но за да се направи таква радикална промена треба многу продлабочена студија. Ми се чини дека доцниме со ГУП-от.

Оваа 2021 година требаше да се направи и да биде готова програмата и во неа да ги вградиме овие промени, ако таа не е готова, ние многу доцниме.

Се сомневам дека ќе има доволно време да се застане со некој став или макар една студија.

Секоја индустрија треба да дојде дури по деталното истражување на нивото на инфраструктура, вели архитектката Даница Павловска – Циги.

-Тоа ние како активисти го поздравуваме иако го земаме со резерва, бидејќи се работи за многу скап процес, меѓутоа тоа е процес којшто некогаш треба да започне.

Имаме случај во градот Мексико Сити што беше еден од најзагадените во светот исто така градските власти предложија, а државата ја прифати идејата за дислокација на тешката индустрија. И сега Мексико Сити веќе не е меѓу 10-те најзагадени во светот.

Тоа треба да ни служи како пример.

Ние како активисти мислиме дека загадувањето во Македонија, поготово во Скопје е најголем причинител зошто ги имаме тие големи бројки на починати од Ковид-19.

Акцентот го ставаме на тоа бидејќи знаеме дека имаме големи бројки на белодробни заболувања, па дури и кај младите.

Ние мислиме дека има поврзаност меѓу големиот број на починати со загадувањето низ градовите во Македонија, особено Скопје.

Како активисти сме сведоци дека таа тешка индустрија не секогаш ги почитува законските одредби, бидејќи сведоци сме дека многу пати филтрите кои служат за заштита од загадување, во минатото ги имаат исклучувано.

И затоа колку и да се контролирани, јас тоа многу пати го имам кажано, тие сепак не ги почитуваат сите законски одредби, бидејќи знаеме дека инспекторатите не можат да постигнат со контроли.

Се уште не веруваме во институциите. Таа тешка индустрија колку и да е контролирана, сепак не може до крај да се исконтролира. Граѓаните немаат доверба во нив“, изјави Дејан Димитровски, независен советник во Советот на Гази Баба.

Кога најави дислокација на Железарница и Цементарница, Шилегов беше прашан каде ќе ги носи овие индустриски комплекси.

-Ќе биде сложена операција, меѓутоа, ако вие не предвидите ниту градба понатаму, ниту егзистенција, тоа ќе мора да влеземе во еден сериозен, општествено-државен процес за дислокација на тие капацитети. Тоа се разговори што од моја страна веќе се водени со раководствата и на Цементарница и на Железарница, да се соочат со тоа дека при носење на планот тоа што е таму едноставно ќе мора да престане да постои“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он