Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Од:

Дијаспората е незаинтересирана да гласа на изборите во Македонија, барем според досегашниот број на пријави. До Државната изборна комисија, досега пристигнале 209 пријави, од кои прифатени се 53, одбиени се деветмина, а се обработуваат барањата на 147 граѓани кои побарале да го дадат својот глас на изборите.

Најголемиот број пријавени гласачи, според статистиката на ДИК се од Словенија и Германија, по 29мина. Од нив, во Словенија се прифатени петмина, одбиено е едно лице, а се обработуваат 23 пријави. Во Германија пак, прифатени се четири пријави, одбиени се тројца, а пријавите на уште 22 лица се обработуваат.

Македонци кои заминале да живеат или работат во Белгија, а сакаат да гласаат во Македонија засега се дваесет и двајца. Шестмина се прифатени, еден е одбиен, а 15 апликации се разгледуваат. Во САД пак, засега се пријавени 15 лица, од кои прифатени се тројца, а останатите 12 апликации се уште немаат никаков статус.

Пријавени Македонци за гласање има и во Бугарија. Се пријавиле десетмина од кои петмина се прифатени, а останатите чекаат „амин“ од Државната изборна комисија. Тројца пријавени има и во Русија, од кои апликацијата на едно лице е прифатена, а останатите двајца се уште се на листа на чекање.

Помеѓу останатите држави, на списокот се најдоа и држави како Египет и Израел, а по една апликација има стигнато и од Украина, Турција, Естонија, Канада и Босна и Херцеговина.

Според роковникот на ДИК, македонските државјани кои сакаат да гласаат во македонија, можат да се пријавуваат до 18 март електронски на страницада на ДИК и во ДКП-та на Македонија во земјите каде живеат.

Би можело да ве интересира

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов

Месаровиќ: Бизнис форумот е круна на интензивната македонско–српска соработка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи планови во Скопје: Македонија и Србија градат економски пазар од 10 милиони луѓе

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став