Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија е чекор кој ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија. На средбата со претставници на здруженијата на бугарската заедница од неколку македонски градови, Радев порача дека очекува овој процес да биде реализиран што е можно поскоро.

„Европската интеграција на Македонија е желба на сите, но не може да се случи по цена на правата на бугарската заедница“, истакна бугарскиот претседател, додавајќи дека обврска на секоја демократска држава е да го гарантира правото на самоопределување и еднаква заштита на сите граѓани.

Радев изрази надеж дека македонските институции ќе го спроведат, како што го нарече, „европскиот компромис“ договорен во 2022 година, со што би се овозможило отворање на следната фаза од пристапниот процес.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ