Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ измислува забелешки и барања само да се запрат сите предмети на СЈО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по изјавата на лидерот Христијан Мицкоски вчера, кој кажа декз има забелешки и од сите девет забелешки, само една е на виделина. Не доставија и не ги презентираа забелешките. Избегаа од средбата. Кажаа само два предлози, ние продолживме со средбата, рече министерката за правда, Рената Дескоска.

За јавната дебата се согласивме, но нивното барање за учество на јавниот обвинител Љубомир Јовески не е основано. Претходно бараа претставници од ЕУ и САД и тогаш не побараа присуство на Јовески. Не беше договаран овој формат. Ова е уште едно несериозно однесување нивно, едноставно јасно е дека не сакаат да го соопштат јавно пред сите партии дека нивната цел е запирање на сите предмети од СЈО, рече Дескоска по средбата.

Со останатите партии се договоривме да седнеме повторно на маса кои ќе дадат свои предлози, а ќе има и јавна расорава. ВМРО-ДПМНЕ има време да биде дел од преговарачкиот тим, во спротувно ќе имаме впечаток дека не подржуваат реформи во прасудството и расчистување на криминалот.

Јовески ќе биде дел од јавната расправа и не гледам тука што е спорно. Тој беше дел од работната група и ќе биде дел од таа расправа со експерти од оваа област. Јовески го знае предлог текстот, а ова што тие го користат него како лошо алиби е уште еден обид за напуштање на преговорите. Не е коректно да ја ставиме на коцка иднината на државата во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бараме двотретинско мнозинство и поддршка од сите партии. Имаме подршка од ДУИ, а конструктивна поддршка покажаа и независните на ВМРО-ДПМНЕ, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

Тензично во Собранието, изгласан законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ не признава

Габриела Димковиќ-Мишевска

Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Кристијан Ландов

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Рушити: Верзијата на законот за ЈО се разликува од договорената

Ана Ололовска

Груби-Велдман: Усвојување на законите за ЈО и за Советот на ЈО за почеток на преговорите оваа пролет

Ана Ололовска

Зендели: Беса нема да го поддржи законот за ЈО

Ана Ололовска