Десет години од основањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци

Од:

Конференција за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста ќе се одржи утре и задутре во Скопје по повод десетгодишнината од основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Претставници на Google, Facebook, Советот на Европа и органите за заштита на личните податоци од Австрија, Полска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Франција и Унгарија, како и на неколку граѓански организации од земјата ќе разговараат за предизвците што ги наметнуваат новите технологии и заштитата на личните податоци.

Конференцијата има три панели: Безбедно и совесно користење на интернетот/социјалните мрежи, Нови можности за зајакнување на регионалната соработка помеѓу органите за заштита на лични податоци од Западен Балкан и пошироко и за Активностите за подигање на свеста за безбедно користење на интернет, кампањи и иницијативи за борба против говор на омраза. Се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во Дирекцијата во изминатите десет години се обратиле над 5.000 граѓани со свои претставки. Од таму информираат дека се повеќе расте бројот на оние кои бараат помош при злоупотреба на лични податоци, но исто така има граѓани кои сакаат да се консултираат за тоа што е злоупотреба на лични податоци, а што не, особено земање фотокопија од лична карта.

Законот за заштита на личните податоци е донесен 2005 година, со што првпат во Република Македонија и правно се регулираше оваа материја.

Во Уставот на РМ членот 18 го гарантира правото на заштита на личните податоци, но Законот поконкретно ги дефинира обврските што ги имаат контролорите, односно фирмите, компаниите, институциите, приватниот и јавниот сектор којшто врши обработка на личните податоци. Воедно ги дефинира и правата на граѓанинот како физичко лице чии податоци се обработуваат.

Би можело да ве интересира

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра

Спасовски ја демантира Антикорупциска: Нема масовна злоупотреба на податоци

Орце Костов

ДИК не го тестирала софтверскиот систем пред изборите, загрозени личните податоци на граѓаните

А1он

Безбедноста на личните податоци најголема грижа на Европејците на интернет

Полициската регулатива за заштита на лични податоци да се имплементира во македонското законодавство

„Твитер“ призна дека споделувал лични податоци на корисници со огласувачи