Денови на гравот во Теарце

Од:

Преку 100 килограми грав и 100 килограми домашна алва ќе се подготвуваат денеска во селото Теарце на манифестацијата 9. Денови на гравот.

dobivaj vesti na viber

Со свои вештини ќе се претстават жители, училишта, културно-уметнички друштва, Најмалиот етнолошки музеј, а ќе биде поставена и изложба на слики. Предвидена е и дебата на тема „Младински перспективи за локален развој“.

– Оваа манифестација е заедничка на сите што живеат во Теарце и околината, на сите три националности. На тоа ставаме посебен акцент зашто се што се случува во оваа држава, главно промовира поделба и игнорирање на културата на другиот. Многу е лесно да се наоѓат различности, но ќе имаме едно поиздржливо општество ако се научиме да ги најдеме сличностите и да ги промовираме, вели претседателот на Центарот за едукација и развој (ЦЕД) Метин Муареми.

Тој укажува и дека во руралните средини не се реализираат речиси никакви културни настани.

Деновите на гравот ги организира (ЦЕД) до поддршка на фондацијата Фридрих Еберт, Центарот за современи уметности, SWG Мрежата финансирана од ЕУ, USAID и Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Директор на основно училиште во Теарце ја вработил ќерката, ДКСК бара поведување на прекршочна постапка

А1он

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Споменик на гравот во Теарце

Катерина Павлова-Николовска

Пендаровски во Теарце: Да продолжиме заедно напред кон членство во НАТО, тоа носи сигурност и стабилнот, но и бројни економски придобивки за сите граѓани

Ахмети од Теарце: Со Договорот од Преспа се отвораат вратите за НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Се градат мостови меѓу ученици од општините Штип и Теарце

Ана Ололовска