Директор на основно училиште во Теарце ја вработил ќерката, ДКСК бара поведување на прекршочна постапка

Од:

Државната комисија за спречување корупција на денешната 57-ма седница информираше дека директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил неговата ќерка како библиотекар во истото училиште. Од ДКСК наведоа дека ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, а за него поведување на прекршочна постапка за неииземање при потпишување на договорот и за непријавување на вработување на блиско лице до Комисијата.

Од ДКСК наведоа дека ја прибавиле целата потребна документација, при што утрдиле дека навистина станува збор за ќерката на директорот на основното училиште и оти постои основа за прекршочна постапка, како и за иницијатива за негово разрешување.

– Ние се обративме до посоченото основно училиште во Општината, каде што ја побаравме документацијата и како е спроведена постапката во врска со вработувањето на библиотекарот. Ги доставија сите потребни документи. За тоа работно место било пријавено само едно лице и Училишниот одбор предложил тоа лице да биде вработено затоа што немало никаква конкуренција, односно согласно јавниот оглас и биле исполнети условите. Но, бидејќи во пријавата се наведува дека се работи за ќерка на директорот, се обративме до директорот и за конкретното лице побаравме изјава дали е во сродство или не. Тој ни достави нотарска изјава каде што изјавува дека лицето е блиско лице, односно негова ќерка. Претходно не ни беше доставен договорот за работа, па го побаравме и утврдивме дека тој го потпишал, наведоа од ДКСК.

Од анализата, од ДКСК предложија да се достави иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце да се разреши директорот од функција, да се бара одоговорност и да се поведе прекршочна постапка против директорот бидејќи не се изземал од постапката за вработување на неговата ќерка, односно при потпишување на договорот не се изземал и за непријавување за вработување на блиско лице до ДКСК.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он