Демократско движење: ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ

Од:

Кривичното дело за масовното прислушкување застаре и Мијалков се спаси и од оваа тужба. Сега и официјално ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ. Сите овие заедно, за да го урнат уставниот поредок. ДУИ ги наградува нивните деловни партнери. Во секоја комбинација тие сакаат да излезат добитници: да останат во влада, но и да ги задржат старите пријатели, Груевски и Мијалков, истакна на денешната прес-конференција Хаким Рамадани од партијата Демократско движење.

Додаде дека контрадикциите на актуелната Влада на Северна Македонија немаат крај. Според него, ДУИ и СДСМ сакаат да и се доближат на Европа со оние кои ја оттргнаа од Европа и дека, како што рече, јасно се виде дека одобрувањето на Кривичниот законик е направено за амнестија на кривичните дела на Груевски и Мијалков, две клучни фигури, во чие време на Албанците им се случија многу трагедии.

-Ние неслучајно го поставивме прашањето во кое својство Бујар Османи ја посети Будимпешта и дали се подготвува враќање на Груевски, што секој ден се повеќе се докажува и целата поширока јавност јасно чита дека ДУИ единствениот спас го гледа токму во враќањето на Никола Груевски, изјави Рамадани

Според оваа одлука, Рамадани рече дека граѓаните од својот буџет, од нивните џебови, ќе треба да му платат и отштета на Мијалков за престојот во притвор.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Демократско движење: Жените да бидат застапени 40 проценти не само во законодавната, туку и во извршната власт

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Демократското движење: Северна Македонија е последна во регионот по сите економски показатели

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски