Честитка од министерот Адеми до новите министри за дијаспора на Алабанија и Косово

Од:

„Дозволете ми да ви изразам најсрдечни и најискрени честитки по повод вашето назначување на позицијата Државен Министер за дијаспора во Владата на Република Албанија. Со посебно задоволство ја примивме веста за Вашето именување за државен министер за дијаспора во Владата на Република Албанија.

Ова е доказ дека владите на нашите две земји и придаваат големо значење на дијаспората и убеден сум дека во блиска иднина ќе воспостават блиски односи на соработка во реализација на заеднички проекти, во интерес на граѓаните на двете земји.

Имајќи во предвид големото значење на одличните односи помеѓу нашите две земји, убеден сум дека за време на вашиот мандат како Државен Министер за дијаспора овие односи ќе продолжат и понатаму да се продлабочуваат.

Владата на Република Македонија во нејзината програма и посветува посебно внимание на дијаспората, како составен елемент на татковината, што овозможува не само зголемено ниво на културолошка размена помеѓу матичната држава и државата домаќин, туку исто така овозможува перспектива за економски развој на земјата.

Нашата заедничка иднина е европската интеграција и ова е неизбежна иднина за целиот регион. За да се постигне тоа, билатералната соработка на нашите институции би бил чекор кон интеграција на Република Македонија и Република Албанија поблиску до големото семејство на евроатлантските народи.

Со ова писмо, уште еднаш сакам да Ве осигурам за мојот личен ангажман и на институциите на Република Македонија, за да работиме заедно за стабилност, мир и европска иднина за нашите две земји.
Почитуван министер, Ви посакувам успеси во вашите нови задачи“ се вели во соопштението на министерот за дијаспора, Едмонд Адеми.

Би можело да ве интересира

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање