Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во сведочењето за случајот „Тортура” за апсењето на Љубе Бошкоски, рече дека не се сеќава дали знаел оти има акција за апсење на лидерот на Обединети за Македонија.
„Не можам да се сетам, беше многу одамна“, рече Чавков.
Пензионираниот директор на БЈБ рече дека имало стотици случаи на организиран криминал и не се сеќава за наредбата за апсење од 2011 година.
На прашањето на обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, дали тој лично дали наредба да се уапси Бошкоски, Чавков рече дека тоа го работел тим, кој го предводел јавен обвинител.
Васко Маглешов