Царовска: Во време на ВМРО-ДПМНЕ се кратеше и доцнеше социјалната помош

Од:

Министерката Мила Царовска во одговор на пратеничко прашање го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за време на нивното владеење исплаќале 11 наместо 12 пати социјална помош секоја година. Покрај кратењето на еден месец исплата, тие тоа го правеле секогаш со доцнење од два месеци, за што Царовска приложи докази и извадоци од системот на исплати од Министерството за труд и социјална политика.

Царовска посочи дека во сите релевантни извештаи на меѓународната заедница се критикувала ниската социјална помош која ја обезбедувала владата на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната влада, истакна Царовска, работи интезнивно на воведување на минимален адекватен приход од околу 12.000 денари што ќе претставува повеќе од двојно покачување на сегашниот износ на социјалната помош.

Министерката Царовска смета дека забрзано се подготвува новиот закон за социјална заштита кој се планира да стапи на сила во 2019 година. Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано ги осиромашуваше граѓаните, владата на СДСМ прави реформи за намалување на сиромаштијата, заклучи министерката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он