Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Од:

Баварскиот премиер и претседател на Христијанско-социјалната унија, Маркус Зедер, побара преиспитување на системот за социјална помош во Германија и украинските граѓани повеќе да не се финансираат преку програмата за социјална помош, односно бенефиции за невработените и оние без доволен приход.

Во интервју за „Билд ам Зонтаг“, Зедер оцени дека износите во рамките на оваа програма треба да се намалат на апсолутниот уставен минимум, наведувајќи дека сегашното ниво на помош, кога ќе се соберат основните бенефиции, детските додатоци и трошоците за домување, предизвикува сè помалку разбирање кај јавноста.

Според него, потребна е промена на законската рамка, така што бегалците од Украина повеќе нема да добиваат средства преку социјална помош, туку нивниот статус во системот за помош би се регулирал поинаку. Ова барање доаѓа во време кога во Германија се повеќе се зборува за буџетски заштеди и начини за обезбедување простор за даночни олеснувања за граѓаните.

Зедер, исто така, рече дека Германија мора да го зголеми бројот на депортации на мигранти кои немаат право на престој, но и посилно да ги охрабри доброволните заминувања. Тој, исто така, го спомена проширувањето на употребата на платежни картички за барателите на азил како една од мерките, оценувајќи дека таков систем би придонел за намалување на трошоците и подобра контрола на јавните пари.

Прашањето дали украинските граѓани во Германија треба да добиваат социјална помош предизвикува контроверзии во германската политика со месеци. Додека дел од Унијата бара овие бенефиции да се укинат за сите Украинци, претходно беше предвидено дека промената ќе се однесува првенствено на новодојдените бегалци.

Во исто време, нова контроверзност предизвика во Полска изјавата на поранешниот премиер Лешек Милер, кој, во врска со спорот меѓу Варшава и Киев околу државните одликувања, рече дека наместо да ги врати ордените, Украина би можела да ѝ ја врати на Полска воената опрема и оружјето што ги добила за време на војната, вклучувајќи МиГ-ови, тенкови и друго оружје.

Би можело да ве интересира

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

ВИДЕО: Германија да го укне еврото, да излезе од Шенген и да ги затвори границите, најавува шефицата на АФД

Германските компании во неволја, сè потешко се наоѓаат квалификувани работници

А1он

Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Германија: потврдено торнадо, загина жена, оштетени десетици куќи

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста