Бошњаковски: Институциите ќе го расветлуваат и снимањето и емитувањето по пријавата на пратеникот Богоевски

Од:

Сите засегнати институции ќе постапат по пријавата на пратеникот Павле Богоевски, најави денес портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Како Влада Бошњаковски рече дека нема да се изјаснат за однесувањето на пратеникот.

dobivaj vesti na viber

„Владата во минатото секогаш се изјаснувала кога се случувале настани со именувани функционери од Владата во однос на нивната одговорност во одредени настани кои што се случиле. Во овој случај, имајќи во предвид дека се работи за пратеник, кој што е дел од законодавната власт, сметаме дека овој одговор потребно е да го дадат во Собранието. Инаку, конкретно по однос на поднесената пријава од пратеникот, сите засегнати институции можеме да кажеме дека ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот, особено снимањето, емитувањето на материјалот кој е забранет, како и за самоиницијативно поднесената пријава од страна на пратеникот Павле Богоевски“, рече портпаролот Бошњаковски.

Вчера попладне, по објавата на снимката со наслов „Пајо нарачува кокаин“, пратеникот Павле Богоевски сам се пријавил во полициската станица Центар оти нарачувал канабис, а поднел пријава и против непознат сторител за нелегално снимање и емитување на снимката.

Би можело да ве интересира

Богоевски го обвини Апасиев дека ја злопотребува функцијата за да си ја реновира куќата, лидерот на „Левица“ вели дека таа е културно наследство

Богоевски: Левица има над 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

Жарко Настоски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска