Богоевски: На никаков начин не сум учествувал во органзиција на протестите против Вучиќ

Од:

Пратеникот од редовите на СДСМ, и некогашниот предводник на Шарената револуција, Павле Богоевски ја демантира изјавата на Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во која вели дека Богоевски бил вклучен во протестите против Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Буткањето на еден владетел кој сака неконтролирано да практикува неограничена моќ ми е повеќе од доволно. Ако некогаш имам сила за уште еднаш, тоа може да биде само за Македонија и ниту една друга држава во светот. Со други зборови, на никаков начин не сум учествувал во организацијата на протестите, ниту во протестирањето против Вучиќ, напиша Богоевски на социјалните мрежи.

Тој побара барем еден доказ за неговата наводна вклученост во српските протести против српскиот Претседател.

-Би замолил за барем еден доказ, фотографија, видео, порака, било каков доказ – каков што на пример, има за присуството на српскиот агент на БИА во Собранието на РМ на 27ми април, пишува Богоевски на својот Фејсбук профил.

Богоевски запраша дали ова значи дека Министерството за надворешни работи на Србија ја обвинува Република Македонија за мешање во нејзините внатрешни работи.

-Отсекогаш сум го поддржувал и ќе го поддржувам правото на ненасилно изразување протест и граѓански револт. Верувам дека истото треба да го направат и сите политичари, министри, претседатели и влади во светот, кои сакаат да се наречат демократски, вели Богоевски.

Би можело да ве интересира

Богоевски го обвини Апасиев дека ја злопотребува функцијата за да си ја реновира куќата, лидерот на „Левица“ вели дека таа е културно наследство

Богоевски: Левица има над 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

Жарко Настоски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска