Бочварски вети изградба на колектор и пречистителна станица на реката Брегалница

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски денеска истакна дека изградбата на главен колектор и пречистителна станица на реката Брегалница е еден од приоритетните проекти во неговата изборна програма.

Главниот колектор, како што рече на денешната прес-конференција, десетина години е оштетен и фекалните води се излеваат директно во реката Брегалница, а во летните месеци во населбите „Македонка“ и „8 Ноември“ се шири неподнослива реа од фекалиите.

– Фекалните отпадни води од населба Балканска исто така се излеваат во реката Брегалница и претставуваат потенцијален извор на зарази особено за најмладите. За мене, за СДСМ и нашата коалиција здравјето на граѓаните е приоритет, затоа овој извор на зараза ќе биде решен со реконструкција на главниот градски колектор во должина од 2,5 километри на потегот од кругот на АРМ до населба 8 Ноември. Истовремено на овој колектор ќе ги приклучиме отпадните води од населба Балканска, но и што е многу важно, ќе изградиме пречистителна станица во Штип, што претставува крупен и клучен приоритет за идната локална власт, рече Бочварски.

Тој истакна дека со овој проект ќе се реши еден голем еколошки проблем за градот Штип, граѓаните ќе се заштитат од заразни болести и ќе се намали загадувањето на реката Брегалница.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?