Бериша ги поздрави македонските граѓани кои „со нивниот глас ја прогласиле за мртва иницијативата Отворен Балкан“

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша во градот Камза, на собир со членови и симпатизери на Демократската партија, чиј почесен претседател е, го коментираше поразот на СДСМ на локалните избори што доведе до оставка на Зоран Заев како премиер и претседател на СДСМ, пренесува Ора њуз.

Тој ги поздравил македонските гласачи, за кои рекол дека му го поништиле билетот на „авантуристот“ кој Северна Македонија ја претворил во „јаболко на раздорот“ за Бугарија и Србија.

Со заминувањето на Заев, како што рекол, мртва е иницијативата „Отворен Балкан“, проект „против Косово и албанската нација“.

-Испраќам срдечен поздрав до гласачите во Северна Македонија кои го поништија билетот на еден авантурист, кој со својата авантура ја претвори Северна Македонија во јаболко на раздорот меѓу Бугарија и Србија. За овој слеп политичар заборави дека за Белград Северна Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. Македонија е создадена за да го спречи формирањето на Голема Србија, на Голема Бугарија. Истрча кон Белград како да е син на Пашиќ, рекол Бериша.

Обвинувајќи дека зад иницијативата „Отворен Балкан“ стои Џорџ Сорос додал дека „иницијатвата умрела пред два дена со гласање на граѓаните на Македонија“.

-Како дух на повоениот Балкан, трилатералниот сојуз Белград-Тирана-Скопје оди против Косово и албанската нација. Ја поздравувам косовската влада што цврсто застана против оваа иницијатива која носи конфликти, враќајќи ја хегемонијата на Белград во регионот, иницијатива која ги претвора Албанија и Македонија во белградски вазали, опколувајќи го Косово со непријателски клики, земја која штотуку излезе од војни и конфликти, рекол Бериша.

Според него, нема потреба од хегемонија, туку соработка меѓу рамноправни земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски