(ВИДЕО) Беџети: Министерството ме извести да не брзам со уривање на платформите на Матка

Од:

Дивите платформи на Матка пет месеци не се урнати оти во државава има двостепеност за постапките. Ова е последното објаснување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, за толерирањето на дивоградбите.

За дивите платформи денес на отворањето на фабрика за преработка на месо во Глумово кусо проговори и премиерот Зоран Заев.

„За Матка знам дека постапуваат институциите, сите сме транспарентни“, одговори премиерот Заев на прашањето зошто институциите пет месеци не ги уриваат дивите платформи.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, објасни дека за уривањето на платформите добил известување од Министерството за транспорт.

„Како што и порано се изјаснив за платформите, нормално за една од платформите си има судски спор. Деновиве Министерството за транспорт и врски ме извести да бидам претпазлив и да не постапуваме набрзина, бидејќи има двостепеност во нашата држава. Согласно законите, и ова прашање ќе биде решено“, рече градоначалникот Беџети.

Корисниците се одомаќинети во кањонот, сите платформи се уредени со цвеќе, опрема за одмор на посетителите, а дел од нив имаат и мали објекти

Откако постапуваат институциите, во февруари годинава во првиот залив по браната се изгради нова дива платформа, која по изборите доби и ограда, а останатите, кои се многу постари, функционираат како ресторан и места за изнајмување чамци, со години. Корисниците се одомаќинети во кањонот, сите платформи се уредени со цвеќе, опрема за одмор на посетителите, а на дел од нив се изградени  и мали објекти, кои исто како и платформите се дивоградби.

За трите диви платформи градоначалникот Беџети извести дека во март годинава добиле барања за легализација

За трите диви платформи градоначалникот Беџети извести дека во март годинава добиле барања за легализација. Едното барање е од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за платформата кај ресторанот, на кое Општината одговорила,  го поништила. Другото барање е за платформата на која веќе се издаваат чамци, поднесено од Амет Саиди, и третото барање е за новата платформа во првиот залив до браната, а го поднел Исмаил Саиди. Сите имаат право на жалби до второстепената комисија поради кои градоначалникот Беџети најави дека евентуално уривање може да биде дури по неколку месеци, откако ќе завршат сите постапки.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев