АВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско известување поведе прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести.

Како што информираат од АВМУ, прекршочните постапки се поведуваат поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање.

– Мониторингот врз ТВ Алсат-М покажа дека на 26 и на 28 септември на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од законски дозволеното време за политичките партии во Собранието на РМ што немаат пратеничка група. Со надзорот, пак, врз ТВ Нова, кој се однесува за 28 септември и 1 октомври се утврди дека на еден реален час емитувана програма емитувано е повеќе од дозволеното време за политичките партии во опозиција. Прекршочната постапка за ТВ 24 Вести е покрената поради непочитување на правилата за објавување резултати од испитување на јавно мислење во прилогот насловен „Седми ден кампања за Локалните избори“, емитуван на 1 октомври, соопшти АВМУ.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите можат да се видат на веб-страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

ММА бара одговори, четири недели молк од АВМУ за „Арена М“

Предраг Петровиќ

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ММА и МРТ со сериозни сомнежи за Arena M каналите: Дали АВМУ го заобиколува законот?

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката