Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

Од:

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница ќе се одржи утре 1 ноември, а во населените места во општината денеска гласаат болните и изнемоштените.

Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија двајца кандидати кои влегуваат во вториот круг.

Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% (гласале 7.565 избирачи).

Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во општината се организира втор круг гласање.

Предвремени избори за градоначалник во општината се организираат откако градоначалникот Јовица Илиевски ненадејно почина.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница на 1 ноември, потврди ДИК

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски