Полицијата уапси две лица кои поткупувале гласачи да не излегуваат на гласање во Теарце. Тие биле пријавени во полицијата од жители на Теарце кај кои дошле и им нуделе до 500 евра да не излегуваат на гласање и не ги зеле парите. Двете пријавени лица кои се од Теарце, поткупувале гласачи во изминативе два дена и според неофицијални информации има податоци каде завршиле пари во висина од 100 до 500 евра во изминативе два до три дена.
Во Теарце на избирачкото место 2011 се запишани 714 гласачи. Гласањето на ова избирачко место може да влијае во распределба на мандатите.