Последна надеж за 4-годишната Сибора од Скопје која боледува од канцер е хуманоста на граѓаните

Од:

Семејството на 4-годишната Сибора Малетај од Скопје која боледува од канцер на глава со дијагноза (EWING SARCOM/PNET) со апел до сите хумани граѓани бара да се се соберат средства за хирушка интервенција и лекување на малото девојче во Турција.

„Републичкиот фонд за здравство на Македонија не ни дозволува, односно не исплаќа парични средства за хирушка интервенција и лекување во странство“, наведуваат од семејството и додаваат дека операцијата првично изнесува 35.000 евра и последна надеж за оздравување на Сибора.

Над четиригодишното-девојче досега извршени се две операции на канцер на глава – првата операција извршена во приватната болница „Аџи Бадем Систина“ во Скопје, а втората кон крајот на месец декември 2018 во Турција во приватна болница на „Аџи Бадем“ во Истанбул.

Како што иформираат од семејството овие скапи операции биле извршени без никаква парична помош на Републичкиот фонд за здравство, односно само со парични средства на семејството на Сибора и помошта од хуманите граѓаните на Македонија.

„При извршена хирушка интервенција во Турција е отстранет канцерот од главата, но за жал после месец дена болеста немилосрдно пак се појавува кај малата храбра Сибора, во еден дел од абдоменот“, информираат од семејството.

Додаваат дека последната надеж за нејзино опоравување е во рацете на хуманите граѓани на Македонија.

Имено, од приватната болница „Sante Plus Hospital“ во Скопје даваат надеж за хирушка интервенција во друга болница со светско реноме во Турција.

За таа цел граѓаните кои имаат броеви на Македонски Телеком, може да донираат по 100 денари со повик на телефонскиот број 070/143-131.

„Ги молиме сите хумани граѓани на Македонија да и помогнеме на 4-годишната Сибора со парична помош за нејзината последна надеж за хирушка интервенција во Турција. Се надеваме дека со Божја помош и Ваша помош малата прекрасна Сибора ќе биде излечена и среќно ќе го помине својот живот“, истакнуваат од нејзиното семејство.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он