Апасиев поднесе кривична пријава против Мерсиха Смаиловиќ

Од:

Пратеникот Димитар Апасиев поднесе кривична пријава против активистката Мерсиха Смаиловиќ и шест други лица.

Пријавата се однесува на фејсбук коментарите на профилот на Смаиловиќ, во кои Апасиев вели дека се повикувало на насилство кон него и неговото семејство.

Апасиев оваа кривична пријава ја најави минатиот месец, кога беше повикан во Обвинителството поради кривичната пријава против него од Мерсиха Смаиловиќ, за кривичното дело предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.

Смаиловиќ на неговата најава за кривична пријава, одговори дека таа ги бришела сите коментари на нејзиниот профил во кој имало повик за насилство.

„Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани“, велат од Левица.

До ова дојде, откако Апасиев на неговиот Фејсбук профил објави неколку статуси кои активистката Смаиловиќ и новинарката Тања Милевска ги предизвикаа да поднесат кривични пријави против него.

Кривичната пријава која Апасиев ја поднeсе против Смаиловиќ се однесува на кривичното дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем и загрозување на сигурноста.

Од Левица велат дека будно ќе го следат текот на истрагата и ќе ја информираат јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО за случајот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките