Анитикорупционерите ќе бараат Советот на јавни обвинители да ја преиспита одлуката за Матка и работата на обвинителот

Од:

Јавниот обвинител не успеа да ги убеди антикорупционерите дека градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, нема одговорност во случајот со дивоизградените платформи на Матка. Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, посочи дека одлучиле да достават претставка до Советот на јавни обвинители за да ја преиспита работата на јавниот обвинител, заедно со предметот и донесеното решение по истиот.

„Не се убедивме дека јавниот обвинител правилно и целосно ги презел сите процесни дејствија, ниту дека ги оценил сите податоци кои ги потврдуваат наводите дека градоначалникот со другите службени лица не ги преземале дејствијата и дозволиле стопанисување и остварување на противправна корист за себе и други, со непреземање на дејствија за отстранување на објектите“, рече Ивановска.

Таа додаде дека предметот на Матка е комплексен предмет, а вината не може да се насочи само кон градоначалникот на Сарај.

„Ја повикуваме Владата да постапи и да преземат конкретни активности за заштита на Матка и таа да биде прогласена за споменик на природата. Апелираме до Владата да го прифати барањето за постапување, како што претходно го прифати барањето за постапување за ефикасно справување со дивоградбите во крајбрежниот дел на Охрид и проблемот со закупот на плажите“, додаде Ивановска.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Приватниот профил на Facebook на претседателката Ивановска е злоупотребен

Ана Ололовска

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби

Ана Ололовска

Ивановска: ДКСК не може да ги истражува завршените кандидати на Академијата, Судскиот совет и Советот за јавни обвинители да го зајакнат надзорот

ДКСК: Службени возила во Министерството за животна средина не се употребувале според Правилникот

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу

Ана Ололовска