Обвинителство не гледа одговорност кај градоначалникот на Сарај за тоа што не постапувал за дивоградбите на Матка

Од:

Обвинителството ја одби иницијативата на Антикорупциската комисија за гонење на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, затоа што и покрај законската обврска, тој не ги одбил барањата за легализација на дивоизградените платформи на Матка. Одлуката донесена од обвинителот кој одбил да го гони Беџети, за претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска е со смешно образложение.

„Добивме одлка за отфрлање на иницијативата. Образложението е смешно. Сите сме сведоци на тоа што се случува, на узурпацијата, а велат дека нема основи за јавно обвинителска одлука. Ќе побараме одлуката да се преиспита, како и да се изврши контрола врз неа од повисоките истанци“, вели Ивановска за „А1он“

Антикорупционерите во август минатата година утврдија дека платформите на Матка не може да бидат легализирани оти се објекти од времен карактер, а освен тоа во поднесените барања за легализација недостигале низа согласности од надлежни органи. Но, и покрај ова, градоначалникот Беџети не одлучувал по предметите, односно не ги отфрлил барањата.

Оттука, антикорупционерите донесоа заклучок дека со непостапување се прекршени одредбите од Законот за локална самоуправа, бидејќи ако градоначалникот одговорил на барањата, институциите ќе можеле да постапуваат, односно да ги отстранат дивоизградените платформи.

Кога Антикорупциската комисија покрена предмет за Беџети, градоначалникот изјави дека врз него се врши политички притисок од тогашниот премиер, сега лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тогаш, Заев кажа дека барал од Беџети да се постапува според закон, а не тој да брани дивоградби.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР