Беџети го обвини Заев дека му се јавил да ургира за смена на судија

Од:

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети го обвини премиерот Зоран Заев дека му се јавил и побарал од него да влијае врз членовите на Судскиот совет за смена на претседател на суд. Тој на денешната прес-конференција поврзана со дивоградбите на Матка рече дека врз него се врши политички притисок и дека антикорупциската комисија отворила предмет против него без правен основ.

„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциска која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене“ , рече Беџети.

Беџети тврди дека освен од Заев добивал повици и од градоначалникот Шилегов за да урне една од дивоградбите на Матка, а со другите да продолжи со градење. Притисоците не ги пријавил во МВР ниту во Обвинителството бидејќи бил на одмор, а не се пожалил ниту кај лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Градоначалникот Беџети најави дека ќе поднесе тужби против членовите на антикорупциската комисија за злоупотреба на службената положба.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт

Александар Тодески

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов