Ангеловски: Незаконско прислушување нема, во моментов се следат комуникациите од 188 броеви

Од:

Претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев, денеска изјави дека е извршен увид во Оперативно техничката агенција (ОТА), истакнувајќи дека не се забележани неправилности во работењето на Агенцијата.

– Од она што беше ставено на увид и што можеше да го види Комисијата, ние во моментов не забележавме прекршување на процедурата и можеме да констатираме дека во моментов ОТА работи согласно законските прописи и подзаконските акти на институцијата, нагласи Димитриев.

Директорот на ОТА, Зоран Ангелоски посочи дека Агенцијата ги следи комуникациите на 188 броеви, наведувајќи дека најголем број од прислушувањата се извршуваат по барање на Управа за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност.

– ОТА работи согласно законските прописи во државата. Комплетно сите процеси се документирани и подложни на увид, како од Комисијата за надзор, така и од другите комисии кои се надлежни за надзор врз работата на ОТА. Незаконско прислушување нема. Не постои во Македонија, потенцираше Ангеловски.

Наведе дека се изработува Протокол со спецификации во однос на тоа врз што ќе може да се врши увид.

– Опремата која ја дадовме на увид, која ја виде Комисијата е толку софистицирана што во неа не е возможно да се направат какви било интервенции и да се сокријат одредени комуникации. Се што е сработено на таа опрема постои на соодветен запис и никој во тоа не може да влезе, истакна Ангеловски.

Посочи дека ОТА ги има потребните капацитети за да ги задоволи потребите на безбедносниот систем во државата.

Би можело да ве интересира

ОТА во правен вакуум без директор: Мандатот на Ангеловски истекува утре, Собранието дури вчера распиша нов оглас

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

Предраг Петровиќ

ОТА: Не е набавен, не се користел, ниту се користи софтверот „Предатор“

Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

Ана Ололовска

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он

Хаџигенов: Во Бугарија прислушувани се новинари, политичари и обвинител

A1on