А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

by А1он22/07/2023 - 08:4622/07/2023 - 09:131341
Share0

Една недела обвинителството на СДС и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер Предатор кој има за цел прислушкување на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионскиот софтвер Предатор.

Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје.

Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт.

Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД.

И шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Макееонија.

И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?

Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија?

ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат?

Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните. реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

kovacevskiprislusuvanjevmro spmne

Би можело да ве интересира

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Предраг Петровиќ05/09/2025 - 19:25

Мицкоски: Васко Ковачевски не е во Македонија, за брзо време ќе го најдеме

Горан Наумовски10/12/2024 - 12:0210/12/2024 - 16:52

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Горан Наумовски28/11/2024 - 12:09

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски08/06/2024 - 11:1508/06/2024 - 11:16

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски22/05/2024 - 18:2622/05/2024 - 18:28

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ08/05/2024 - 22:2109/05/2024 - 00:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто