Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

Од:

„Со ова обраќање во име на Оперативнотехничката агенција најодговорно и во целост ја негираме изјавата и дезинформациите изнесени од страна на пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес конференција во Собранието на Република Северна Македонија дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите и дека на било кој начин се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност“, реагира Оперативно-техничка агенција (ОТА) на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

„Напротив, Оперативно-техничката агенција во соодветна постапка и со вклученост на сите институции надлежни за спроведување на процесот за следење на комуникациите, со одобрени средства за конкретна намена од страна на Владата на Република Северна Македонија и во согласност со членот 2 од Законот за следење на комуникации има поднесено барање за одобрение и техничка спецификација за што има добиено и поседува позитивно мислење и одобрување од страна на Министерството за внатрешни работи..

Оперативно-техничката агенција од своето формирање како самостоен и независен државен орган е истакнат застапник на доследното спроведување на законитоста, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, залагајќи се за редовни, континуирани и суштински надзор и контрола, со чие доследно спроведување од страна на сите чинители работиме во насока да ја вратиме довербата на јавноста во овој дел од безбедносниот сектор, што го сметаме за стратешка, системска и заедничка, општествена заложба која ги надраснува било каквите поединечни и/или групни интереси.

Во таа смисла ја уверуваме македонската јавност да биде спокојна и да не подлегнува на политички мотивирани изјави дадени во особено сензитивни околности, со кои ОТА и нејзиното работење немаат никаква поврзаност“, се додава во соопштението на ОТА.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му