ОТА во правен вакуум без директор: Мандатот на Ангеловски истекува утре, Собранието дури вчера распиша нов оглас

Од:

Директорот на ОТА Зоран Ангеловски вчера закажа прес-конференција, која требаше да се одржи денеска пред Собранието, но изутринава настанот беше откажан. Мандатот на Ангеловски истекува утре, а во денешното соопштение на ОТА се наведува дека прес-конференцијата се одложува поради итни и неодложни работи.

-Поради итни и неодложни работи најавената прес конференција на директорот на ОТА пред Собранието на Република Северна Македонија во 11:00 часот се одложува на неопределено време, се наведува во денешното соопштението на ОТА.

Ангеловски за прв човек на Оперативно-техничката агенција (ОТА) беше избран во Собранието во 2018 година со 83 гласа „за“. Мандатот на директорот на ОТА, која е посредник во прислушувањето меѓу операторите и корисниците трае пет години, без право на повторен избор.

На вчерашната собраниска седница пратениците ја изгласаа одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.
Согласно Законот директорот на ОТА го избира и разрешува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во на предлог на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За директор може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следните области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки, да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во предвидените области.

Ангеловски неодамна предупреди дека доколку ОТА остане без директор, тоа ќе создаде правен вакуум во раководењето со институцијата.
ОТА беше формирана во рамки на реформите во безбедносно-разузнавачкиот систем, по препораките на Прибе со цел да се спречат злоупотреби во следењето на комуникациите, по скандалот со масовното прислушување. Како резултат на реформите се формираа Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и ОТА, која ги презеде надлежносите врз опремата и уредите за следење на комуникациите.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови