Генерал Стојанче Ангелов и лидер на „Достоинство“, преку социјалните мрежи упати повик до членовите на Уставниот Суд, во врска со иницијативата за преиспитување на уставноста на член 28 од Законот за референдум. Еве што стои во повикот:
„Почитувани судии, Ве молиме итно разгледајте ја нашата иницијатива за преиспитување на уставноста на член 28 од Законот за референдум. Дозволете ни, во согласност со Уставот, да ја исправиме грешката од 2004 година. Доколку веднаш не преземеме нешто, Кичево отиде…
Двајца Македонци од вкупно 11 члена. Знае ли некој колку е тоа во проценти? Јас пресметав дека е 18, 1% што значи дека само 18% од членовите на новиот Управен Одбор на ЈП Комуналец во Кичево се Македонци. И потоа нас не обвинуваат дека сме биле оптоварени со национализам, шовинизам, ксенофобија… Дека сме биле радикални… Дека нашата иницијатива за референдум била ретроградна… А тие… Тие биле за мир, соживот, хармонија…
Јас повеќе пати повторив и пак ќе повторам. Си работат тие на каузата, си работат… Додека ние меѓусебно си ги вадиме очите… Народе Македонски!!! Доста беше. Доста се обвинувавме кој е крив. Дајте сите заедно да ги исправиме направените грешки. И да не дозволиме никогаш повеќе да се повторат. Да и оставиме на историјата да каже кој погрешил“, вели Ангелов во повикот до уставните судии.