Ангелов најави кривична пријава против Горан Петрески

Од:

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов најави дека ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на МРТ, Горан Петрески, како што вели тој поради злоупотреба на службена должност и дезинформирање на македонскиот народ, со што вели Ангелов се нанесува непоправилва штета врз јавноста.

На протестниот марш што го организираше денеска тргнаа стотици луѓе но бројката се дуплираше кога граѓаните веќе пристигнаа пред МРТ.

stojan (5)

Граѓаните скандираа „МРТ на народот!“

Ангелов повторно, како и претходните денови побара да влезе во телевизијата и да достави снимки од скандалите на власта кои што ги објави опозицијата.

За првпат неговиот собир беше проследен и од екипа на Јавниот сервис. Полициското обезбедување не му дозволи да влезе во телевизијата и поради тоа тој снимките му ги предаде на новинарот од МРТ.

stojan (3)

Од него побара ЦД-то со снимките да му го предаде на уредникот за да бидат пуштени во програмата на МРТ.

„Ја забиколивме архивата, направивме диверзија. Ни едно образложение денес нема да биде издржано. Ние немаме работа со луѓе, ова е најнечесната влада која некогаш владеела со Македонија, најнечесното раководство кое некогаш владеело со ВМРО-ДПМНЕ. Членовите на партијата ќе им пресудат и ќе ги тргнат од власт бидејќи никој од нив не е ВМРО. Ние сите сме ВМРО и Достоинство и ЛДП и НСДП и СДСМ и ДУИ и ДПА. Ова е мултиетнички собир, не ме интересира кој на која религија, партија, заедница припаѓа, ние имаме задача да ја ослободиме МРТ“, рече Ангелов.

stojan (1)

Тој побара јавно од Горан Петрески да гостува во вечерашниот дневник на МРТ во живо за да каже зошто ги организира овие протести. Најави радикализација на протести кои ќе продолжат утре во 12 часот пред МРТ и ги покани граѓаните да се придружат.

На протестите присуствуваат обични граѓани, а не партиски членови на Достоинство.

Една граѓанка вели дека доаѓа пред МРТ за да го одбрани сопственото право да биде објективно информирана.

stojan (4)

„Целта е да ја ослободиме македонската телевизија која не ги информира граѓаните за она за што тие неа ја плаќаат. Револтирана сум од нивната политика во случајот со бомбите и за тоа што не ги пренесуваат, за тоа што не не информираат за настаните на опозицијата. Тука сме за да ја вратиме слободата на информирањето“, рече една граѓанка.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски