(АНАЛИЗА) Политичка криза: Чекор до договор или козметички преговори во Брисел?

Од:

Бисел го губи губи трпението и ќе инсистрира на што поитна разрешница на политичката криза во земјава, која веќе е закана и за вкупниот евроатлански курс на Македонија, оценуваат аналитичарите. Домашната експретска јавност е едногласна дека без активно посредство на ЕУ, и со договор за мониторинг во дел од институциите, особено во Јавното обвителство, не е можен излез од сегашниот ќор-сокак.   

Што ќе донесат преговорите во Брисел? 

Брисел преку европската тројка Кукан-Вајгл-Ховите, ја почнаа операцијата  за посредништво во решавање на политичката криза во Македонија. Иако  ЕУ се вклучува како олеснувач, сепак треба да се очекува дека Унијата го губи трпението и нема да толерира само декларативни заложби за евроатланска интеграција, оценуваат аналитичарите.

„Јас мислам дека Македонија уште од поодамна реално отстапила од процесот на евроинтеграциите, и дека за овој процес се залага само декларативно. Еу досега го толерираше ваквото однесување на Македонија, со надеж дека власта ќе се освести за штетноста на отстапувањето и дека повоторно со конкретни дела, а не само со зборови, ќе ја покаже својата евроатлантска ориентација. Најавите кои доаѓаат од ЕУ за можно прекинување на привремено замрзнување на политичкиот дијалог, се порака дека Брисел веќе го губи трпението, и дека конкретно ќе го осуди и санкционира антиевропското однесување на ова власт. Значајно е секој чекор што евентуално ќе го првземе меѓународната, заеднциа да не биде штетен за граѓаните, туку само за виновниците за создадената ситуација“, вели за „Порталб“ новинарот Исен Салиу.

Еден од поранешните амбасадори на Македонија, професорот Нано Ружин, очекува објективност од страна на европратениците, без разлика на која иделошка опција припаѓаат, со образложение дека на Европа и се совршено јасно како стојата работите во Македонија за клучните прашања поврзани со независноста на судството и медиумите.

„Европејците ја имаат насликано целата состојба и нивната позиција да интервенираат во воспоставувањето на политичкиот дијалог со помошна евро-пратениците од левицата и десницата во извесна мера наликува на предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, иако тие немаат таков мандат како што бараше Ахмети. Нивната улога би била само политичко-посредничка. Во такви услови, оваа формула може да биде прифатлива за опозицијата со оглед дека независно од партиската припадност на евро-пратениците тие имаат мошне јасни позиции во однос на прислушувањето, слободата на медиумите и зависноста на судството. Според тоа оваа одлука би одела во полза на опозицијата бидејки таа најмногу ке добие од  присуството на евро-пратениците“, оценува професорот Ружин.

Европската Унија ако сака да помогне, ќе мора реално тоа да го нарправи со сите свои механизми, смета Лидија Димова од СДСМ.

„Македонија се наоѓа во тешка политичка положба. Преовладува мислењето дека ЕУ реално не може многу да направи за да ги приближи сосема спротивставените страни на политичките актери во државата, но и свеста дека само ЕУ може да стори нешто. Тоа значи дека ЕУ мора да биде подготвена да ги вклучи сите свои инструменти во оваа криза. Дали е тоа така, ќе видиме наскоро“, вели Димова и додава:

„Не станува збор за тоа до кога ЕУ може да ја толерира оваа состојба во Македонија. ЕУ не живее во криза. Сите привилегирани партнерски односи што произлегуваат од потпишаната Спогодба за стабилизација и асоцијација одат во полза на ЕУ, особено во делот на економијата. Мора да сфатиме дека штета ќе трпи само Македонија, односно македонските граѓани!“.

Според новинарот Салиу, политичката криза исфрли на површина серија на проблеми, кои сега се враќаат во фокусот на ЕУ.

„Доколку снимките кои ги објавува опозицијата се автентични, за кои што веќе постојат и доста потврди од прислушкуваните граѓани, тоа значи дека во Македонија не е нарушено само функционирањето на одредена област, туку на функционирањето на државата. Затоа е потребно оваа криза да се сфати сериозно, и мерките за нејзино надминување да бидат сериозни.  Тоа што охрабрува е фактот дека кај 99 посто од граѓаните во Македонија се забележува расположение за што поскоро враќање на ситуацијата во рамки на нормалата, и не се забележуват индикации за некакви безбдносни ескалации, поради политичката криза“, вели Салиу.

Препораката за преговори со ЕУ – загрозена…

Минатата недела, по Конференцијата посветена на Западен Балкан, министерот за надворешни работи Никола Попоски практично призна дека политичката криза е закана за евоатланскиот курс на Македонија.

„Секако дека препораката е загрозена. Македонија нема да почне преговори без да се согласат 28-те земји членки на ЕУ. Една од нив има јасно кажано што е условот. Таквото замаглувње на европската иднина поттикнува конфликтност, а воедно и го урива стимулот за коректна политичка битка. Во отсуство на втората по големина група во Парламентот, голема работа им се врши на тие што се трудат да се тргне препораката за преговори“, изјави министерот Попоски.

И според Лидија Димова, претпристапниот дијалог со ЕУ веќе е под закана, но не само поради политичката криза.

„Пристапниот дијалог на високо ниво е под закана, но не од тековната криза, туку уште од лани. Сетете се дека лани Македонија не одржа ниту една средба со ЕУ во рамките на овој дијалог. Зошто? Па, затоа што во Македонија нема реформи! Што се однесува до кандатскиот статус, досега немало одземање на кандидатскиот статус на која било држава-пристапничка. Но, сега, за првпат, ЕУ има механизми за да го стори тоа и тие се пресликани во нивната Стратегија за проширување“, смета Димова.

По објавата на дел од медиумите дека ЕУ одлучила привремено  да го замрзне пртпристапниот дијалог, се огласи портпаролката на евокомесарот Хан,која рече дека тие продолжуваат, но нема план за средба на европскиот дипломат со макеоднскиот премиер.

„Претпристапниот дијалог продолжува на техничко ниво. Засега нема планови за пленарна средба помеѓу еврокомесарот и премиерот, изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан.

Пред да пристапи со свои олеснувачи, неодамна Македонија беше постена од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски