Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседател на Кривичниот суд Панчевски

Од:

Амбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави денеска пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кој вчера беше осуден на затворска казна од 3,5 години.

– Пресудата од страна на велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барање одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството, објави на Твитер Амбасадата на САД.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, синоќа од страна на велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор.

Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа.

Би можело да ве интересира

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

На европското знамнце не му било местото во измените на Кривичниот законик: ЕУ загрижена за новите одредби

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија

Катерина Ѓуровски

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов