Со реакција по пресот на СЈО, Катица Јанева, излезе амбасадата на САД. Ги повикуваат властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството, како што се движат напред случаите кои ги отвори Јанева.
– Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка да ги изврши своите должности и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушкуваните разговори.
Нејзиното назначување е суштински елемент од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии, стои во соопштението од американската амбасада.
Амбасадата на САД ги повикува сите страни да дозволат Кабинетот на специјалната обвинителка да ги изврши своите должности, независно и слободно без никаква форма на политички притисок, а обвинетите да имаат право на целосна заштита од законот и ги повика сите граѓани да дозволат фактите да произлезат низ судски процес.