Али Ахмети сака да се трка со Таравари, поради него ќе се кандидира за претседател на Македонија

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде кандидат за претседател на Македонија, потврдуваат за А1он извори од партијата. Според нашите извори, информацијата дека ќе се најде на листата на кандидати за шеф на државата Ахмети ја кажал пред неколкумина од раководството на партијата.

Ахмети претходно размислувал дали воопшто да има кандидат од неговата партија или повторно да го поддржат кандидатот предложен од СДСМ, но откако претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари и официјално потврди дека ќе влезе во трка за претседател, одлучил самиот тој да биде кандидат од ДУИ.

Ова значи дека нема да има место за консензуален кандидат уште во првиот круг. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека кандидатот за претседател ќе излезе од редовите на неговата партија и дека профилот на кандидатот што ќе го предложат треба да дели европски вредности, да се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година и човек кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.

„Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности“, рече Ковачевски во интервју за државната медиумска агенција.

Досега најавените кандидатури ќе значат разноличност, но и големо избирачко ливче, бидејќи во борбата за претседателското столче се сигурни повеќе од петмина кандидати.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно