Албанската полиција потврди: Груевски со возило на унгарската амбасада од Тирана ја преминал албанско-црногорската граница

Од:

Албанија и официјално потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Унгарија заминал преку Албанија.

Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција во вечерашното соопштение наведува дека Груевски, Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница.

– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година, во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, соопшти албанската полиција.

Исто така, се наведува дека на денот кога Груевски бил на територијата на Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол.

– На 11 ноември 2018 година за лицето Никола Груевски не постоеше никаква информација на нашите премини или потерница дека се бара. Интепрол Скопје на 13 ноември во 19:35 часот испрати информација до Интерпол Тирана дека лицето Никола Груевски се бара со меѓународна потерница, се наведува во соопштението.

Сепак во него не се наведува ниту збор за тоа преку кој граничен премин Груевски влегол на албанска територија.

Медиумите претходно јавија дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин, што ја остава отворена можноста дека тоа да го направил илегално преку зелениот појас, по што бил во унгарската амбасада во Тирана, каде и побарал азил.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија