Акција за собирање кабаст отпад во Чаир

Од:

Општина Чаир и ЈП Комунална хигиена утре и задутре ќе спроведат акција за собирање и отстранување стари апарати од бела техника, телевизори, мебел,…ЈП Комунална хигиена ќе го собере кабастиот отпад без материјален надомест, а одлагање на друг отпад не е дозволено.

Домаќинствата кабастиот отпад наменет за фрлање треба да го остават пред влезот на куќите и дворовите или во непосредна близина на станбените згради во периодот од 7 до 9:30 часот. Отпадот не смее да го попречува движењето на возилата и пешаците.

Утре ќе се собира кабастиот отпад во населбите Тенеќе Маало, Топанско Поле, Стар Чаир I, Стар Чаир II и Дижонска, а задутре во Гази Баба, Серава, Стара Топана, Саат Кула, Бит Пазар и Дуќанџик.

Би можело да ве интересира

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он